ПРОГРАМИ ЗА ДЕТСКИ РАЗВОЈ
МЕНТАЛНА АРИТМЕТИКА
Признаена методологија, преку која децата ја развиваат меморијата, концентрацијата и логичното размислување – за прв пат со абакус (калкулатор). Со текот на времето, брзината се зголемува и детето почнува да се множи, дели, собира и одзема во умот, без помош на абакус (калкулатор).
— ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ —
Во процесот на активностите двете хемисфери на мозокот работат истовремено. Ваквата дејност му дозволува на детето да се развива хармонично, да ја подобри меморијата, имагинацијата и логичното размислување.
Менталната аритметика ги развива креативното и аналитичкото размислување, ја подобрува концентрацијата, фотографското помнење, имагинацијата, логиката, како и вештините за набљудување и слушање. Тоа не е само пресметување во умот, затоа што способноста да се најде одговор на најтешките примери и задачи за неколку секунди ја развива десната мозочна хемисфера која што одговара за имагинацијата и фигуративното размислување.
Часовите по ментална аритметика помагаат на детето подобро да го совлада школскиот материјал. На прво место, се развиваат вештини сврзани со меморијата, имагинацијата, логиката и мислењето. На второ, помага подобро да се разберат точните науки: математика, геометрија. И на трето, кога вашето дете ќе се научи брзо да пресметува – тоа ќе знае дека ќе може да научи сѐ, ако се потруди!
Левата мозочна хемисфера е одговорна за способноста за пресметување, говор и логика, а десната – за имагинацијата и фигуративното мислење. Дете, чии што мозочни хемисфери се развиваат хармонично, може да пристапи од различен агол кон решавањето на секакви задачи и проблеми и тоа со завидна брзина.
Обично часовите се во група од 4 до 10 деца. Секој курс следи заедничко дејствие. Наставникот е максимално ангажиран и емотивно го презентира целиот материјал. Вежбите се менуваат наизменично со интерактивни активности. Вклучени се и мобилни активности и логички игри.
Домашната работа е еден од основните фактори кој што влијае на резултатот од часовите. Ви препорачуваме да се уверите дека вашето дете одделува 15-20 минути секој ден за пишување на домашната работа, сметање со абакусот (за нови теми) и мислено сметање (за преминати теми).
За ефикасно совладување на програмата детето треба да вежба и дома по 15 минути секој ден. За полесно подготвување и проверување на домашните работи изградивме онлајн платформа за ученици и наставници. Користењето на онлајн платформата ја зголемува брзината и ефикасноста на курсевите со 40%.
За да учествува е доволно успешно да преминало низ прво ниво – S. Задачите за олимпијадите се подготвуваат спрема возраста и нивото на децата во центрите SmartyKids, така да дури и за Smarty почетниците е интересно. А колку се забавуваат со средбите и комуникацијата со деца од целата држава, со забавната програма и самиот чин дека учествуваат! Мотивацијата за учење и развој останува за цела година.
Менаџер
Верувам и знам дека абакусот ќе биде новата „играчка“ која децата ќе сакаат да ја играат со ментална аритметика.
a
НАСТАВНИК ВО ЦЕНТАР
КОНТАКТИ
Телефон: +389 75 232 778
Е-Пошта: bitola@smarty-kids.eu
Адресa: Пелагонка 2, ламела 2/5, Битола