ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
— ЗА ДЕЦА —
Курсот ќе помогне на вашето дете да се научи да ракува со пари.
— КАКО РАБОТИ НАШИОТ КУРС —
ПО ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
Ние работиме комплексно: учиме нови вештини, ги тренираме вниманието, меморијата и размислувањето.
80% пракса
Практичниот дел ги тренира вештините што се применливи во сите други дисциплини. Учиме не само финансиска писменост, но и математика и македонски јазик.
Останатите 20% од часовите се забавна теорија со примери од реалниот живот.
Учиме да учиме
За време на часовите децата се учат да ја обработуваат информацијата и да ги применуваат тие вештини во училишната програма. Ја зголемуваме мотивацијата кон секоја едукативна дејност преку покажување колку интересни можат да бидат часовите.
Развој на интелектот
Во методологијата се интегрирани техники за развивање на меморијата, вниманието и размислувањето. Такви вежби се вклучени во секој час. Развивањето го следи принципот „од едноставно до сложено“.
Под формата на игра
Задачите во курсот се состојат од игри за чие што исполнување децата добиваат виртуелни пари. Во крајот на курсот детето ќе може да создаде бизнис план за започнување на сопствен бизнис.