Slide МЕНТАЛНА
АРИТМЕТИКА
Возбудливи активности за вашето дете со добро развиено дејствие и гејмификација, што ги развиваат меморијата, концентрацијата и логичното размислување. Брзо мислено пресметување од 4 до 12
години
ПРИJАВЕТЕ СЕ Брзо мислено пресметување

НАШИТЕ ПРЕДНОСТИ 

Учебници од фирмата и тетратки со проширена реалност.

Во сите курсеви на SmartyKids се користат оригинални материјали за учење создадени од нас со голема љубов и внимание кон деталите.
Во нашите часови ќе најдете шарени илустрации, квалитетни материјали и интерактивни додатоци.

Онлајн платформа

Секојдневните вежби по 15 минути им помагаат на децата да ги утврдат своите вештини за учење и да постигнуваат подобри резултати. За олеснување на проверката на домашните задачи создадовме онлајн профили за ученикот и наставникот.

Користењето на онлајн платформата ја зголемува брзината и ефикасноста на курсевите за 40%.

Гејмификација и анимација

Во нашиот центар на детето никогаш нема да му биде здодевно: во часовите воведуваме фасцинантни дејствија, динамични игри, задачи и награди.

Го решаваме основниот проблем со воведување на детето во процесот на учење.

SmartyKids ментална аритметика

Компетентни и искусни наставници

Сите наставници во едукативните центри SmartyKids поминуваат низ обука и сертификација. Тие знаат како да го заинтригираат секое дете и да најдат заеднички јазик со него. Можете целосно да се доверите на нашите специјалисти.

Учество во олимпијади од различни нивоа

Децата кои учат во нашите центри секоја година учествуваат во регионални и меѓународни олимпијади по ментална аритметика со цел да го проверат своето ниво, да се мотивираат да учат уште повеќе и да запознаваат со нови пријатели.

Slide ПРИJАВЕТЕ СЕ ДЕМО ЧАС Уверете се во квалитетот на нашата методологија.

НИВОА НА ОБУКАТА 

Запознавање со абакусот, неговите составни делови, правила на работа

Резултат: Децата ќе научат како правилно да собираат и одземаат на абакус. Активно се развива способноста за фини моторни вештини: ракопис, манипулација со мали предмети. Почетно видливо подобрување на резултатите во училиште.
Средно времетраење: 3-4 месеци

РАЗВИВАЊЕ НА ВЕШТИНИТЕ, ФОРМУЛИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ

Резултат: Детето започнува да пресметува со формули. Меморијата и концентрацијата се видливо подобрени. Детето многу побрзо учи стихови и постигнува значителен напредок во артикулирањето на говорот.

Средно времетраење: 3-4 месеци



ТЕХНИКИТЕ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ СО СОВЛАДУВААТ КАКО НАВИКА

Резултат: Децата веќе можат да пресметаат секакви примери со собирање и одземање за секунди. Исклучително се развиваат имагинацијата, репродукцијата на информациите и фотографското помнење.

Средно времетраење: 5-6 месеци

МНОЖЕЊЕ НА АБАКУС

Резултат:  Брзо пресметување во умот, длабоко познавање и работа со таблицата за множење. Аналитичките вештини, самостојноста и самодовербата на детето значајно се подобруваат.

Средно времетраење: 3 месеци

ДЕЛЕЊЕ НА АБАКАУС

Резултат: Детето ќе се научи да дели на абакус, користејќи ги научените формули. Во оваа фаза детето одделува минимално време за решавање на секакви аритметички задачи во училиште. Многу деца добиваат награди на натпревари и олимпијади.

Средно времетраење: 3 месеци

ТЕХНИКА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ СО НЕГАТИВНИ И ДЕЦИМАЛНИ БРОЕВИ, квадратен корен

Резултат: Детето лесно приоѓа кон решавањето на секакви задачи како во училиште, така и во животот вон училиштето. Желбата за лидерство е силно изразена, како и вештината да ја аргументира својата позиција, се подобрува  и претставувањето во повеќето предмети на училиште.

Средно времетраење: 3 месеци

s-mac
m-mac
a-mac
r-mac
t-mac
y-mac

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ 

Во процесот на активностите двете хемисфери на мозокот работат истовремено. Ваквата дејност му дозволува на детето да се развива хармонично, да ја подобри меморијата, имагинацијата и логичното размислување.

Менталната аритметика ги развива креативното и аналитичкото размислување, ја подобрува концентрацијата, фотографското помнење, имагинацијата, логиката, како и вештините за набљудување и слушање. Тоа не е само пресметување во умот, затоа што способноста да се најде одговор на најтешките примери и задачи за неколку секунди ја развива десната мозочна хемисфера која што одговара за имагинацијата и фигуративното размислување.

Часовите по ментална аритметика му помагаат на детето подобро да го совлада школскиот материјал. На прво место, се развиваат вештини сврзани со меморијата, имагинацијата, логиката и мислењето. На второ, помага подобро да се разберат екзактните науки: математика, геометрија. И на трето, кога вашето дете ќе се научи брзо да пресметува – тоа ќе знае дека ќе може да научи сѐ, ако се потруди!

Левата мозочна хемисфера е одговорна за способноста за пресметување, говор и логика, а десната – за имагинацијата и фигуративното мислење. Дете, чии што мозочни хемисфери се развиваат хармонично, може да пристапи од различен агол кон решавањето на секакви задачи и проблеми и тоа со завидна брзина.

Обично часовите се во група од 4 до 10 деца. Секој курс следи заедничко дејствие. Наставникот е максимално ангажиран и емотивно го презентира целиот материјал. Вежбите се менуваат наизменично со интерактивни активности. Вклучени се и мобилни активности и логички игри.

Домашната работа е еден од основните фактори кој што влијае на резултатот од часовите. Ви препорачуваме да се потрудите вашето дете да одделува 15-20 минути секој ден за пишување на домашната работа, сметање со абакусот (за нови теми) и мислено сметање (за преминати теми).

За ефикасно совладување на програмата детето треба да вежба и дома по 15 минути секој ден. За полесно подготвување и проверување на домашните работи изградивме онлајн платформа за ученици и наставници. Користењето на онлајн платформата ја зголемува брзината и ефикасноста на курсевите за 40%.

За да учествува е доволно успешно да преминало низ прво ниво – S. Задачите за олимпијадите се подготвуваат спрема возраста и нивото на децата во центрите SmartyKids, така да дури и за Smarty почетниците е интересно. А колку се забавуваат со средбите и комуникацијата со деца од целата држава, со забавната програма и самиот чин дека учествуваат! Мотивацијата за учење и развој останува за цела година.

Slide ПРИJАВЕТЕ СЕ Приjавете се