Денеска ќе зборуваме за ентузијазмот, посветеноста, предизвиците и пред се – новиот почеток.
Главен херој на денешната статија е нашиот прв партнер во Македонија – Весна Атанасова. Како наставник во образованието, таа е посветена на каузата за развојот на детето како личност и во преден план го става психофизичкиот развој на детето, емоционалната интелигенција , бидејќи силно верува дека темелот за стекнување на знаење, развивање на вештини и способности започнува од раната возраст. Успехот е неизбежен кога детето учи преку игра и преку богата методологија која се адаптира според личноста на детето и неговите интереси.
Во септември 2021 година, Весна отвора нова страница во својот живот прифаќајќи го предизвикот – да биде првиот франшизен партнер на SmartyKids не само во нејзината родна Битола, туку и низ целата земја.
Запознајте ја Весна во следните редови:
Ве молам, кажете ни повеќе за себе. Во која фаза од животот бевте кога решивте да започнете сопствен бизнис?
Како дете бев девојче со весел и немирен дух , уживав да бидам во движење и постојано нешто да правам за да ги движам работите и случувањата. Понекогаш на часовите ми беше досадно да слушам и само да седам , па често знаев да бидам дел од активностите заедно со мојот учител. Имав среќа да ме учи учител кој беше извонредна личност, педагог, психолог и одличен методичар, бидејќи успеа во мене да стави љубов кон учењето и да ја насочи мојата енергија.
Дипломирав на факултетот за учители с о желба да бидам дел од весел и необичен наставен процес каде децата со љубов и желба ќе доаѓаат да учат, а ќе заминуваат дома среќни и возбудливи од тоа што го научиле и начинон на кој учеле.
Веќе 7 години активно бев дел од наставен процес во мое приватно училиште кое го започнав со франшиза за англиски јазик , потоа дополнав со образовен центар каде ќе им помагаме на децата да ги завршат своите училишни обврски со нас. Како настапи короната, а и пред тоа, забележав дека има еден ‘’ мал проблем’’ кој се провлекуваше кај повеќето деца а тоа е…недостиг на внимание, концентрација , фокус. Домашните задачи се изработуваат бавно и без интерес , што се должи на слабо развиената фина моторика, недоволно внимание и отсуство на концентрација.
На часовите по мајчин јазик, забележав дека фондот на зборови е оскуден , а начинот на комуникација нееадекватна за возраста на децата.
Почнав да истаражувам , да се едуцирам , да посетувам обуки и семинари и често одговорот беше дека децата за ова ново време многи доцна се вклучуваат во процесот на едукација(се прекокнува раното детство) пред 7 години, сметајќи родителите дека децата се мали и ќе бидат затрупани со обврски и скратено детство доколку почнат пред 7 година или премногу време децата поминуваат со смарт уредите.
Зошто го избравте брендот SmartyKids за сопствен бизнис?
Истражувајќи, стигнав до брендот SmartyKids и она што јас го барав се поклопи со можностите кои ги нуди брендот а тоа се:
- Итерактивна настава во која секое дете учествува.
- Весели часови исполнети со возбуда и игра.
- Раскажување на приказна која бара логичко аналитичко размислување, каде децата преку игра го градат натпеварувачкиот тим да работата во група.
- Развивање на емоционална интелигенција и поттикнување на емпатија.
- Работата со раце на абакус, го поттикнува работењето на двете хемисфери и го поттикнува развивањето на фината моторика.
- Центарот за говор се развива преку вежбите на абакус, бидејќи директно се стимулира центарот за говор.
- Математичките операции се учат за краток и брз период, со секојдневна активност која не одзема повеќе време 15-20 минути, а во исто време се креира работна навика кај децата.
Едноставно, овај модел да работа се поклопи со она што јас сакав да го поттикнам, развијам и најмала мера барем да го корегирам кај децата со цел постигнување подобри резултати на училште и во личниот живот.
Какви очекувања имавте пред да го започнете бизнисот?
Искрено, моите очекување беа со постигнувањето на резултати кај поединецот пред се, да се утврди една методологија која на децата за кратко време ќе им помогне во процесот на учење и ќе се развијат нови способности и вештини.
Ова е модел кој сака дисциплина при учењето, стекнување на знаење и развивање на мозочето а не добивање петки поради напамет научени решенија или задачи.
Очекувањата ми се оправдаа, затоа што веќе имам ученици кај кои постигна голем напредок во целокупниот психофизички развој и желба за учење. Материјалниот бенефит доаѓа со задоволните родители, среќните деца и постигнување на резултатите.
Колку време (од потпишувањето на договорот) му требаше на бизнисот да почне да генерира приходи?
Времето да се стартува бизнисот зависи од сопствените ангажмани и задачи кои ќе се преземат и временската рамка која ќе си ја постави секој. Часовите ги одржуваме заедно со мојата сестра Марија која исто така е обучен учител за метотологијата на Smarty Kids. Кај мене тоа беше 1-2 месеца вклучувајќи ја и обуката.
Бидејќи моите работни ангажмани во текот на денот се со збиена агенда и секогаш има нешто кое излегува од планираното, но сепак на крајот од денот она што ми причинува задоволство е промената која ја креирам за едно со родителите кај децата.
Бидејќи центарот во Битола е првиот центар во Македонија, често пати ми се јавуваат пред се’ жени, мајки кои имаат желба да започнат свој бизнис и кои биле привлечени од методологијата.
Мојот одговор е да се охрабрат да развијат свој бизнис, доколку имаат љубов, желба и верба дека промената почнува од секоја од нас и дека она што е вистинско богатство кај човекот и кое не може да биде одземено е знаењето и способноста да се примени истото.
Што би било ако треба да го опишете вашиот бизнис SmartyKids во една реченица?
„Она што го учиме со задоволство, никогаш не го забораваме”. – Алфред Мерсиер
Каков совет би им дале на луѓето кои се двоумат дали да го направат првиот чекор во развојот на сопствен бизнис?
Охрабри се да бидиш тоа што сакаш, пронајди ја твојата пасија и тргни да ја исполниш.
Дали ви се допадна нашата статија?
Не заборавајте да го следите SmartyKids на: