ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА „СМАРТИ КИДС БУГАРИЈА“ ДООЕЛ
ЕИК: 204980237
- ОПШТА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБРАБОТУВАЧОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ:
СМАРТИ КИДС БУГАРИЈА ДООЕЛ
EИK/БУЛCTAT: 204980237
Сопственик: ГЕОРГИЈ ОЛЕГОВИЧ РОЗОВ
Ceдиште и адреса за кореспонденција: гр. Варна, бул. Ян Хунияди 59, сп.1
Teлeфoн за контакт: +359 894 53 01 07
Е-mаil: hello@smarty-kids.bg
Веб-страна: www.smarty-kids.bg
СМАРТИ КИДС БУГАРИЈА ДООЕЛ (во натамошниот текст: SmartyKids) ги почитува правата за доверливост на личните податоци на секој корисник на нашите услуги.
За да користите одредени услуги, програми и производи на SmartyKids (понатаму – производи на SmartyKids) потребно е да поминете низ процедура за регистрација или да дадате лични податоци на SmartyKids.
Возможно е да биде потребна регистрација за да ви дадеме достап до некои од функциите на веб-страната или за учество во акции.
Политиката за заштита на личните податоци објаснува како се користи таквата информација во согласност со барањата и нормативите на Европската Унија. Запознајте се внимателно со оваа Политика за заштита на личните податоци и, доколку е потребно, поставете ги вашите прашања.
Оваа Политика за заштита на личните податоци ги регулира односите помеѓу SmartyKids и физичките и правните лица (во натамошниот текст: Корисници) во врска со обработката на личните податоци, вклучително и собирање, користење, чување и безбедност на дадената од Корисниците и/или собраната од нив информација. Ефектот на овие услови за заштита на личните податоци ја опфаќа секоја информација којашто SmartyKids и овластените лица од фирмата, што работат од името на SmartyKids, можат да ја добијат за Корисникот при користењето на кој и да е од производите на SmartyKids.
- ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, СОБИРАНИ И ОБРАБОТУВАНИ ОД SMARTYKIDS:
За целите на оваа Политика за заштита на личните податоци, под лични податоци се подразбираат:
Информација (вклучително, но не само лични податоци) којашто Корисникот сам дал на SmartyKids при регистрацијата за користење на производите на Smarty Kids (вклучително и активирањето на профилот при првото најавување) или во рамките на нивното користење (вклучително и создавање на профил, врска со одделот за поддршка). Информацијата се дава со пополнување на соодветните формулари од страна на Корисникот, а при тоа информацијата дадена со пополнување на незадолжителните полиња во тие формулари се определува лично од Корисникот. Податоци за Корисникот – секоја информација, преземена (воведена) од Корисникот директно или индиректно преку специјалист од SmartyKids на начинот, предвиден за производите на SmartyKids.
Друга информација за Корисникот којашто SmartyKids ја добива наведена во дел 2 од овие Услови за приватност на личните податоци.
- ОСНОВИ И ЦЕЛИ ЗА КОИШТО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ:
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци во согласност со следните услови:
- Склучен договор помеѓу нас и вас со цел да ги исполниме нашите обврски од него;
- Вашата изречна согласност – целта се наведува за секој конкретен случај;
- Доколку тоа го бара законот;
Во следните параграфи ќе најдете детални информации во врска со обработката на вашите лични податоци во зависност од правната основа по која ги обработуваме.
Цели на обработка:
Собирањето, складирањето и обработката на информација согласно дел 1 од оваа Политика за заштита на личните податоци се извршува само и единствено за следните специфични цели:
- За да се идентификува корисникот при користењето на производите на SmartyKids;
- За персонализирање на извештајот за посети (вклучително и за обезбедување на персонализирани услуги на корисникот) и за регистрирање на дејствата на Корисникот SmartyKids користи колачиња (Cookies).
- Да комуницира со Корисникот во рамките на договори склучени со SmartyKids.
- За статистички цели и други анализи врз основа на анонимни податоци (вклучително и за разјаснување на мислењето на Корисниците за различните производи и услуги нудени од SmartyKids).
- За да го информира Корисникот за новости, нови производи или да даде друга важна информација.
- Податоци кои ги обработуваме врз основа на склучен договор:
Врз основа на договор склучен помеѓу нас и вас, обработуваме информација за видот и содржината на договорниот однос, како и за секоја друга информација сврзана со договорниот однос, вклучувајќи:
- лични податоци за контакт – телефонски број,
- податоци за идентификација- две имиња, електронска пошта;
- електронска пошта, писма, информација за вашите барања за решавање на проблеми, жалби, молби и поплаки;
- други повратни информации што ги добиваме од вас;
Обработката на наведените лични податоци за нас станува задолжителна, за да можеме да склучиме договор со Вас и да го исполниме. Без да ни ги дадете горенаведените податоци, нема да можеме да ги исполниме нашите обврски од договорот.
Бришење на податоците собрани по оваа основа
Податоците, собрани по оваа основа, ги бришеме 5 години по раскинувањето на договорниот однос, без разлика дали тој бил прекратен поради истекување на договорот, раскинување на истиот или по друга причина.
- Обработка на личните податоци поради законска обврска:
Можно е законот да предвидува обврска да ги обработуваме вашите лични податоци. Ние сме должни да ја извршиме обработката во случаите како што се:
- обврски според Законските мерки за спречување на перењето на пари
- исполнување на обврските сврзани со продажбите од далечина, продажби надвор од трговските простории, предвидени во Законот за заштита на потрошувачите;
- обезбедување информации до Комисијата за заштита на потрошувачи или трети лица, предвидени во Законот за заштита на потрошувачи;
- обезбедување информации до Агенцијата за заштита на личните податоци во врска со обврските предвидени во нормативната рамка за заштита на личните податоци;
- обврски предвидени во Законот за сметководствени работи и даночните регулативи и други правни дела сврзани со водењето на законско сметководство;
- обезбедување информации на судот и на трети лица во рамките на судските постапки, во согласност со барањата на применуваните нормативните закони;
Бришење на податоците собрани по оваа основа
Податоците, собрани поради законска обврска, ги бришеме откако обврската за собирање и чување на податоци е исполнета или престанува. На пример:
- во согласност со Законот за сметководствени работи за чување и обработка на сметководствени податоци (11 години),
- обврски за давање на информации пред судот, надлежните државни органи и слични основи, предвидени со сегашниот закон (5 години).
- Со ваша согласност
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци на оваа основа само по изречна, недвосмислена и доброволна согласност од Ваша страна. Не предвидуваме никакви негативни последици, ако ја одбиете обработката на личните податоци.
Согласноста е посебна основа за обработка на вашите лични податоци и целта на обработката е наведена во неа и не е покриена со другите цели, наброени во оваа политика. Доколку ни ја дадете соодветната согласност, се до нејзиното отповикување, ние ќе подготвуваме соодветни за вас понуди за производи/услуги на базата за извршени детални анализи на вашите основни лични податоци;.
Деталната анализа е метод за извршување на анализа којашто дозволува обработка на голем обем на податоци со помош на статистички модели и алгоритми и други кои вклучуваат користење на лични податоци, како и процеси за псевдонимизација и анонимизација на истите, со цел да се извлече информација за трендовите и различните статистички коефициенти.
Податоци кои ги обработуваме на оваа основа:
На оваа основа ги обработуваме само податоците за кои сте ни дале изречна согласност. Конкретните податоци се одредуваат од случај до случај. Обично во податоците се вклучени:
- Електронска пошта
- Телефон
- Адреса
- Имиња
Повлекување на согласност
Дадената согласност може да биде повлечена во секое време. Повлекувањето на согласност нема влијае на исполнувањето на обврските по договор. Ако ја повлечете вашата согласност за обработката на лични податоци за било кој или за сите начини, опишани погоре, ние нема да ги користиме вашите лични податоци и информација за целите наведени погоре. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката врз основа на дадената согласност пред нејзиното повлекување.
- ДАВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Вашите лични податоци ги даваме на трети страни, а главната цел за тоа е да ви понудиме квалитетна, брза и целосна услуга. Вашите лични податоци не ги даваме на трети страни, пред да бидеме сигурни дека се преземени сите технички и организациски мерки за заштита на тие податоци и се стремиме да спроведуваме строга контрола за исполнување на оваа цел. Во овој случај, ние остануваме одговорни за приватноста и безбедноста на вашите податоци.
Складирањето (вклучувајќи ги и промената и бришењето) на личните податоци на Корисниците се извршува во согласност со функционалноста на одредени производи на SmartyKids, техничката документација кон нив, како и Договорот за лиценца за нивната употреба.
Споделувањето на личните податоци со трети страни се извршува само и единствено во некој од следните случаи:
- Корисникот претходно се согласил со таква дистрибуција.
- Споделувањето на личните податоци е неопходно за исполнување на договор, според кој Корисникот се јавува или како примател, или како нарачател, како и за склучување на договор по иницијатива на Корисникот или договор, според кој Корисникот ќе биде примател или нарачател.
- Споделувањето е неопходно за заштита на правата и легитимните интереси на SmartyKids или трети лица во случај Корисникот да ги прекрши авторските права на SmartyKids и/или соодветниот Договор за лиценца.
- Споделувањето на личните податоци е неопходно за спроведување на правдата, исполнување на судски чин, чин на друг орган и овластено лице, кое што ќе биде исполнето во согласност со законодавството на територијата на државата во однос на извршната власт на или други случаи, предвидени со важечките закони на територијата на државата.
- При обработката на личните податоци на корисниците, SmartyKids се раководи од Општата регулатива за заштита на податоци на ЕУ (General Data Protection Regulation – GDPR).
- На пример, лични податоци даваме на следните категории приматели (обработувачи на лични податоци):
- поштенски оператори и курирски компании;
- лица кои со договор одржуваат опрема, софтвер и хардвер, кои се користат за обработка на лични податоци и неопходни за дејноста на
- лица кои извршуваат консултантски услуги во различни области.
- КАКО ГИ ЗАШТИТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
За да обезбедиме соодветна заштита на податоците на фирмата и нашите клиенти, ние ги спроведуваме сите неопходни организациски и технички мерки предвидени во Законот за заштита на личните податоци.
Фирмата има утврдени правила за спречување на злоупотреби и нарушување на безбедноста.
Поради максимална безбедност при обработката, префрлувањето и складирањето на Вашите податоци, може да користиме дополнителни механизми за заштита како шифрирање, псевдонимизација и др.
Права на корисниците
Секој Корисник на веб-страната ги ужива сите права за заштита за личните податоци, во согласност со бугарското законодавство и правото на Европската Унија.
Корисникот може да ги оствари своите права преку испраќање на соопштение до нашата електронска пошта.
Секој корисник има право на:
- Информирање (во врска со обработката на неговите лични податоци од страна на обработувачот);
- Пристап до сопствените лични податоци;
- Исправка (ако податоците не се точни);
- Бришење на личните податоци (право „да се заборави“);
- Ограничување на обработката од страна на обработувачот на лични податоци;
- Пренесување на личните податоци помеѓу поединечните обработувачи;
- Приговор спрема обработката на неговите лични податоци;
- Субјектот на податоци има право и да не биде предмет на одлука, заснована исклучиво на автоматска обработка, која вклучува профилирање, кое од своја страна доведува до правни последици за субјектот на податоците или по сличен начин го засегнува во значителна мера;
- Право на судска или административна заштита во случај да се повредени правата на субјектот на податоци.
Корисникот може да побара бришење доколку е присутен еден од следните услови:
- Личните податоци повеќе не се неопходни за целите за коишто биле собрани или обработени на друг начин;
- Корисникот ја повлекува својата согласност врз која се заснова обработката на податоците и нема друга правна основа за нивната обработка;
- Корисникот на податоците се спротивставува на обработката и нема законска основа за обработка, која да дава предност за обработка;
- Личните податоци биле обработувани незаконски;
- Личните податоци е потребно да бидат избришани со цел да се исполни законската обврска според правото на Унијата или правото на земјата-членка што се однесува на обработувачот;
- Личните податоци биле собрани во врска со понудата на услуги на информатичкото општество на деца и согласноста била дадена од носителот на родителска одговорност за детето;
Корисникот има право да ја ограничи обработката на своите лични податоци од страна на обработувачот кога:
- Ќе ја оспори исправноста на личните податоци. Во овој случај ограничувањето на обработката е за период кој ќе му овозможи на обработувачот да ја провери исправноста на личните податоци;
- Обработката е незаконска, но Корисникот не сака неговите лични податоци да бидат избришани, а наместо тоа бара ограничување на нивното користење;
- Обработувачот веќе нема потреба од личните податоци за целта на обработката, но корисникот ги бара за воспоставување, остварување или заштита на правни барања;
- Се спротивставува на обработката во очекување на проверка дали законската цел на обработувачот преовладува над интересите на корисникот.
- Право на пренос.
Субјектот на податоците има право да ги добие личните податоци што го засегаат и коишто ги дал на обработувач во структуриран, за широка употреба и машинско читлив формат и има право да ги префрли овие податоци на друг обработувач без никакви пречки од обработувачот на кој личните податоци веќе биле дадени, кога обработката се заснова на согласност или обврска по договор и обработката се извршува на автоматизиран начин. При остварувањето на правото на пренос на податоците, субјектот има право да добие и директно префрлување на неговите лични податоци од еден обработувач на друг, кога тоа е технички изводливо.
- Право на приговор.
Корисниците имаат право да се спротивстават на обработувачот на нивните лични податоци. Обработувачот на личните податоци е должен да ја прекине обработката, освен ако не докаже дека постојат цврсти правни основи за нивната обработка кои имаат предност над интересите, правата и слободите на субјектот на податоците, или за воспоставувањето, остварувањето или заштитата на правните барања. Во случај на приговор против обработката на личните податоци за целите на директниот маркетинг, обработката треба да биде прекината веднаш.
- Водење на регистар
Ние водиме регистар за активностите за обработка за кои сме одговорни. Овој регистар ги содржи сите информации наведени подолу:
- име и детали за контакт со обработувачот;
- цели на обработката;
- опис на категории на субјекти на податоци и на категории на лични податоци;
- категориите на приматели на кои се или ќе бидат дадени личните податоци;
- вклучувајќи ги и примателите во трети земји или меѓународни организации;
- кога е можно, предвидените рокови и услови за бришење на податоците од различните категории;
- кога е можно, општ опис на техничките и организациските мерки за безбедност.
Информации за контакт во SmartyKids.
Во случај да имате прашања во врска со Политиката за заштита на личните податоци на www.smarty-kids.mk и https://universe.smarty-kids.eu/, собирањето и обработката на вашите лични податоци за време на нивното користење, можете да ни пишете на следната електронска пошта: hello@smarty-kids.mk.
Жалба до надзорниот орган.
Доколку се нарушени Вашите права, во согласност со горенаведеното или Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци како што следува:
Име: Агенција за заштита на личните податоци
Седиште и адреса за кореспонденција: Бугарија, 1592 гp. Coфија, бyл. Πpoф. Цвeтaн Лaзapoв 2
Teлeфoн: +359 2 915 3518
Веб-страна: www.срdр.bg
Оваа политика за заштита на личните податоци може да биде изменета еднострано од SmartyKids со објавување на последната и најнова измена на www.smarty-kids.mk или https://universe.smarty-kids.eu/. Во случај на неусогласеност на Политиката за заштита на личните податоци со одредбите на Договорот за лиценца со корисникот, ќе преовладуваат одредбите од Договорот за лиценца.
Оваа Политика за заштита на личните податоци е усвоена и одобрена на 16.05.2022 г. од „СМАРТИ КИДС БЪЛГАРИЯ“ ДООЕЛ, ЕИК: 204980237.
______________________________